Чесите презадоволни: Ние сме во транс

6

Македонија ја смени играта во одбраната, но сметавме на тој потег од селекторот Брестовац и на крајот остваривме голема победа.

Атмосферата во таборот на Чешка е на високо ниво откако вчера ја совладаа Македонија со што се вклучија во борбата за освојување на едно од првите две места во групата.

– На првиот натпревар не одиграв како што посакував. За време на паузата имавме разговор на кој се договоривме како да играме во второто полувреме и тоа вроди со плод. Македонија ја смени играта во одбраната, но сметавме на тој потег од селекторот Брестовац и на крајот остваривме голема победа. Навивачите беа прекрасни и не носеа до победа, а нас не ставија во транс – изјави Станислав Кашпарек кој постигна шест гола, а дополнителна мотивација имаше и во тоа што за противник го имаше Кире Лазаров:

– Лазаров е ракометна легенда кој веќе 20 години е еден од најдобрите светски ракометари. Тренерот во Пик Сегед постојано ми вели да се угледам на него и би бил пресреќен доколку се приближам до неговото ниво.

Презадоволен од триумфот е и селекторот Даниел Кубеш.
– Им кажав на ракометарите дека мора да се остави се на терен, да играме како да ни е последно полувреме на европскиот шампионат. Одговорија на вистински начин, Галија бранеше феноменално, а Бабак, Здрахала и Кашпарек беа исклучтелно храбри. Она на што сум најгорд е што повеќе ја посакувавме победата од Македонците, тоа е пристапот што сакам да го гледам на секој натпревар – рече Кубеш.