Четворица играчи го напуштаат Вардар, а уште тројца наскоро заминуваат

5

Главната тема во светот на ракометот во последните неколку дена е РК Вардар, актуелниот европски шампион кој буквално се распаѓа.

Тимот прво го напуштија Даинис Кристопанс и Павел Атман затоа што не земале плата веќе шест месеци.

Кристопанс замина во Фуксе Берлин да игра до крајот на сезоната, а Павел Атман е нов играч на Спартак од Москва.

Сепак, нема да има крај на заминувањата. Голманот Гедбан се согласи да потпише со Адемар Леон, а Шишкарев заминува во Веспрем.

Покрај нив, на излезната врата се наоѓаат Дисингер, Скубе и Хозе де Толедо, кои се интересни за голем број на европски клубови.