Човечки развој, Македонија последна во регионот

5

Македонија и понатаму е на последните места во регионот во врска со човечкиот развој. Според последниот извештај на УНДП, нашата земја е на третото место од дното во Европа а 82 во светот, од вкупно 189 земји опфатени во извештајот. Пред Македонија се Словенија на 24 место, Грчка на 32, Хрватска на 46, Црна Гора и Бугарија на 52 место, Србија на 63, Албанија на 69 додека Босна и Херцеговина на 75 место. Претставникот на УНДП за Европа и Евроазија, Бен Сјел, рече дека индексот за Македонија покажува на кои конкретни прашања треба да се ангажира земјата.

„Потребно е ресурсите да се инвестираат на вистински места, не само да произведете дипломи, туку да создадете добро образование и способни луѓе. Не само да градите болници туку да им овозможите на луѓето да живеат подолго и да имаат квалитетен живот. Оние се тие предизвици и за ова е и извештајот“.

Претставничката на УНДП во Скопје, Нарине Сахакијан изјави дека според извештајот, разликата помеѓу земјите во развој и оние со висок човечки развој е 19 години.

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека, извештајот на УНДП треба да се сфати сериозно.

Македонија има добри позиции во родовата застапеност , каде според извештајот на УНДП, се наоѓа на 36 место.