Шеќер или сол: Што е поштетно за здравјето?

162

На сите им е јасно дека прекумерната консумација на шеќер и сол може да предизвика здравствени проблеми, но се поставува прашањето што е поштетно за човечкото тело.

Интересно е што всушност шеќерот и солта се намирници чиј внес најтешко се контролира. И шеќерот и солта често се скриени во преработената храна, па многу луѓе не се ни свесни дека ги консумираат во преголеми количини.

Имено, препорачаниот дневен внес на шеќер е 25 грама за возрасни лица, што е околу шест чајни лажички, додека препорачаниот внес на сол за возрасни е една лажица на ден, односно 4 до 6 грама. Поедини студии покажуваат дека дури 90 отсто луѓе секојдневно внесуваат многу повеќе од тоа.

На сите им е јасно дека прекумерната консумација на шеќер и сол може да предизвика здравствени проблеми, но се поставува прашањето што е поштетно за човечкото тело.

Шеќерите кои природно се наоѓаат во храната не се толку проблематични, но голем проблем претставуваат преработените шеќери. Тие немаат хранлива вреднос, но се богати со калории. Сите тие го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и го поттикнуваат зголеменото производство на инсулин кој му е неопходен на телото за да го преработи целиот тој шеќер. Но, прекумерниот внес на шеќер може да доведе до инсулинска резистенција, што е главна причина за складирање на шеќери во облик на масти. Покрај тоа, прекумерната консумација на шеќер може да предизвика дијабетес тип 2, како и гастроинтестинални заболувања.

Ако имате висок крвен притисок, веројатно сте размислувале за намалување на внесувањето на сол во организмот. Но, новите истражувања покажуваат дека шеќерот е еден од главните виновници за предизвикување низа здравствени состојби, вклучувајќи го и високиот крвен притисок, па дури и зголемениот ризик од кардиоваскуларни болести.

Спротивно на тоа, солта нѝ е потребна за регулирање на течностите во организмот и за пренос на електролити во телото. Како што е веќе наведено, солта се поврзува со високиот крвен притисок, болестите на срцето и крвните садови, а освен тоа има и штетно влијание врз црниот дроб и бубрезите. Исто така, солта е причина и за проблемите со надуеноста.

Иако експертите нагласуваат дека клучот за здравјето е умереното консумирање на овие две намирници, тие велат дека шеќерот создава поголеми проблеми. Имено, луѓето сè почесто претеруваат во употребата на шеќерот, па тоа се поврзува со поголем број здравствени проблеми, наведува порталот „Sam Health“.