„Шлаканица“ од Ердоган за Путин: Крим е украински!

0

Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла илегалната анексија на Крим, изјави во вторникот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Враќањето на Крим на Украина е суштинска потреба од гледна точка на меѓународното право“, рече Ердоган во видео пораката за време на вториот самит на Кримската платформа, меѓународен механизам за координација со кој Киев се обидува да привлече поголемо глобално внимание на Руската анексија на Крим во 2014 година, пренесува Ал Џезира.

Во извештајот на Агенцијата Анадолија се наведува дека Ердоган потврдил дека Анкара ќе продолжи да ја поддржува Кримската платформа и мирното решавање на кримското прашање.

– Принципиелниот став на Турција има не само правна, туку и морална основа, рече Ердоган и посочи дека заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Украина се од клучно значење за регионалната и глобалната безбедност и стабилност.

„Обезбедувањето на безбедноста и благосостојбата на кримските Татари е исто така меѓу приоритетите на Турција“, рече Ердоган.