Штетата од разорниот земјотресот во Албанија изнесува 985 милиони евра

9

Албанскиот министер за земјоделство, Бленди Ручи ја објави официјалната бројка за штетата настаната од силниот земјотрес кој ја погоди Албанија на 26 ноември 2019 година, а таа е 985 милиони евра.

-26 ноември 2019 година ќе биде запаметен како еден од најтешките денови, 17 илјади луѓе беа раселени од нивните домови. 202 илјади лица беа погодени од земјотресот во 11 општини. Околку 90 странски експерти на 30 јануари го завршија целиот извештај- изјави Ручи.

Тој додаде дека без овој извештај тие не можеле да се појават на донаторската конференција.

-Извештајот е подготвен според стандардите на ЕУ, Светска Банка и ОН. За рекордно време се направи верификација на 50 илјади згради. Експертите оцениле дека штетата достигнува шифра од 985 милиони евра. Без овој извештај не може да одиме на донаторската конференција на 17 февруари- додаде Ручи.