Ѓоковиќ со убедлива победа го започна настапот на Ју-Ес Опен

6

Српскиот тенисер неколку дена откако ја обезбеди титулата на Мастерсот во Синсинати го започна своето натпреварување на првиот Гренд Слем во пост ковид ерата.

Ѓоковиќ играше против босансникот тенисер, Дамир Џухмур кого го совлада на убедлив начин со 3:0 по сетови.

Најдобриот светски тенисер му остави само шест гемови на Џухмур (6:1, 6:4, 6:1) и без поголеми проблеми си закажа пласман во следното коло каде ќе го чека Кајл Едмунд.

Едмунд во првото коло го победи Александр Бублик од Казакстан со 3:1 по сетови (2:6, 7:5, 7:5, 6:0) и си закажа шеста средба со Новак Ѓоковиќ.

Во меѓусебните средби, Ѓоковиќ пет пати го победувал Едмунд, додека Британецот еднаш го совлада српскиот тенисер во периодот кога тој се враќаше на терените по повредата на рамото која го оддалечи од терените одреден период.