ЈА ДОЗВОЛИВМЕ НАЈОПАСНАТА МУТАЦИЈА: Сојот „Ни“ веројатно ќе биде отпорен на антитела

4

Новиот вид на коронавирусот наречен „ни“ беше наречен „најопасен до сега“ од професор на Универзитетот Кембриџ, а Светската здравствена организација денеска свика итен состанок за справување со него, пишува Мондо. Варијацијата B. 1.1.529 беше пронајдена во Боцвана во Јужна Африка, но веќе „прошетала“ до Хонг Конг, а самиот „ну“ има 30 свои мутации, за разлика од делта-сојот кој има 15.

„Овој вид е загрижувачки и јас не го користам тој збор од откривањето на делтата“, напиша професорот Рави К. Гупта на Твитер.

„Ве молиме, вакцинирајте се, земете засилена доза и носете маска, бидејќи мутациите на овој вирус веројатно ќе резултираат со неговата способност да ги избегне неутрализирачките антитела“, стои во неговиот пост.

Професорот Франсоа Бол од Универзитетот во Лондон претходно изјави дека овој вид најверојатно потекнува од имунокомпромитиран пациент кој долго време се борел со инфекцијата, без да даде повеќе детали.

Вирологот д-р Том Пикок од Кралскиот колеџ комбинацијата на овие мутации ја нарече „страшна“. Научниците се надеваат дека голем број мутации ќе го направат овој вид генетски нестабилен и на тој начин ќе го спречат неговото ширење пред да стане „нова делта“.