Јовановски, Ременски и другите обвинети ќе ги слушнат пресудите во предметот „Меѓународен сојуз“

10

Кривичниот суд денеска ќе ја објави пресудата за предметот „Меѓународен сојуз”, каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната пратеничка Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Миле Јовановски – татко на Бојан Јовановски и Кристина Блажевска. Според обвинителниот акт, во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот Бојан Јовановски, како претседател на невладината организација Меѓународен сојуз, кое правно лице е исто така обвинето, ја искпористил организацијата за да изнудува пари за себе.

Обвинетиот Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на, како што ветувал, Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата. Оштетените, бизнисмените Силјан Мицески и Адријан Амзоски како што смета оввинителството, биле доведени во заблуда и од имотот на своите компании на Јовановски преку Македонска авторска агенција му исплатиле износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.

Судењето за овој предмет го води судијката Софче Гаврилова – Ефремова, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.