Љубе Бошкоски итно примен на Инфективна, му се влошила состојбата со ковид-19

38

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника откако му се влошила состојбата вчера во текот на денот, објави „Фактор“.

Тој минатата недела соопшти дека е заразен со коронавирусот и дека деновите ги поминува во карантин во Челопек, Тетовско.

– Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејќи морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран, на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница. Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова – изјави Бошкоски минатата среда.