Џафери посака изборен процес без проблеми

14

Посакувам изборниот процес да се заврши регуларно и без проблеми, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери откако гласаше во неговото родно Форино, гостиварско.

„Како што е редот денес, јас во моето родно место го искористив правото на глас. Мило ми е што се преземени сите мерки за заштита од корона вирусот и тоа е она што треба да следи во текот на денот. На сите што учествуваат во изборите им посакувам успех“, изјави Џафери.

Џафери во согласност со заштитните мерки на гласање во основното училиште „Форино“ беше придружуван од сопругата.