Џумхур од Комисијата на ОН за Украина: Регистрирани случаи на злосторства врз деца

9

 

Јасминка Џумхур од независната меѓународна истражна комисија за Украина формирана од Обединетите нации изјави дека Комисијата регистрирала одреден број злосторства врз деца убиени со огнено оружје, но и случаи на сексуална злоупотреба и повреди на деца.

„Одредени информации укажуваат на префрлање деца од територијата на Украина на територија на Русија, каде што се уште се наоѓаат, а се поставува и прашањето околу враќањето на тие деца. Во голем број од тие случаи биолошките родители се наоѓаат на територијата на Украина“, вели Џумхур во интервју за „Радио Слободна Европа“.