19 години од масакрот кај Карпалак

15

Во масакрот загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Горан Миноски, Веби Рушитоски, Дарко Велјаноски, Марко Деспотоски и Пецо Секулоски, откако дента во 9:30 часот бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи.

Денеска се одбележуваат 19 години од масакрот кај Карпалак. Десет резервисти на македонските безбедносни сили беа убиени, а тројца ранети на 8 август 2001 година кога конвој од хермелин, два автобуса, комбе и камион од Прилепската касарна се движел кон Тетово. Конвојот кај месноста Карпалак бил пресретнат од заседа организирана од вооружените сили на Ослободителната Народна Армија (ОНА) во воениот конфликт во 2001 година.

Во масакрот загинаа Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Горан Миноски, Веби Рушитоски, Марко Деспотоски, Дарко Велјаноски и Пецо Секулоски, откако дента во 9:30 часот бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи.

Транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што наместо загинале осум војници и двајца офицери, припадници на резервниот состав на македонските сили. И еден од автобусите бил погоден. За да се извлечат преживеаните 108 луѓе, борбите траеле со часови.

Со полагање цвеќиња на спомен обележјето во касарната „Мирче Ацев“ вчера започнаа чествувањата по повод 19 години од масакрот кај Карпалак, а денеска продолжуваат на местото на трагичниот настан и во центарот на Прилеп.