Чулев: Очекувам изборите да бидат фер и демократски, граѓаните да не подлегнуваат на притисоци

27

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија министерот Наќе Чулев истакна дека Министерството за внатрешни работи располага со оперативни информации кои говорат дека одредени криминални структури ќе бидат искористени за вршење поткуп и притисок врз гласачите и во таа насока Министерството за внатрешни работи презема соодветни активности на терен.

 

„ Очекувам изборите да бидат фер и демократски и ги повикувам граѓаните да се воздржат од поткуп и да не подлегнуваат на провокации од политички партии и криминалните структури, бидејќи тоа ќе биде најстрого казнето“, истакна Чулев.