Грчките погранични службеници денеска околу 12 часот повторно го затворија копнениот премин „Евзони“, објави МИА.
Од граничниот премин „Богородица“ ја потврдиле одлуката на нивните колеги од спротивната страна и само кажале дека ваквата одлука ќе се применува најмалку до 15 јули.
Друго образложение од грчка страна до овој момент нема, освен што на патниците и туристите кои од денеска може да патуваат за Грција им се препорачува за влез во Грција да ги користат граничните премини преку Бугарија.
За транзитниот товарен сообраќај нема пречки.