Во Кина четврти ден по ред расте бројот на новозаразени од коронавирус

7

Сакајќи да ја запрат новата епидемија, властите тестираа милиони луѓе на ковид-19, но вирусот веќе почна да се шири.

Кина вчера забележа раст на бројот на нови случаи од коронавирус четврти ден по ред, како резултат на најагресивното враќање на болеста ковид-19 во таа земја после повеќе месеци.

Кинеските здравствени власти вчера известија дека ден претходно, во понеделникот забележани се 68 нови случаи на зараза со коронавирус. Со тоа бројот на новозаразени во Кина порасна четврти ден по ред, а меѓу нив се и два случаи во Пекинг, први после повеќе недели.

Оваа земја се соочи со најагресивното враќање на болеста ковид-19 после повеќе месеци, како резултат на појавата на инфекција во оддалечената западна провинција Ксинџијанг и одвоено жариште на североисток.

Од новите случаи, 57 се забележани во Ксинџијанг, се истакнува со соопштението на Националното поверенство за здравство. По понеделникот североисточната покраина Џилин забележа два нови случаи, први од мај, додека североисточната покраина Лиаонинг извести за шест нови случаи. Сакајќи да ја запрат новата епидемија, властите тестираа милиони луѓе на ковид-19, но вирусот веќе почна да се шири. Така што два нови случаи се забележани и во Пекинг, што е прва појава на болеста во главниот град во последните три недели.

До понеделникот во Кина се потврдени вкупно 83.959 случаи на зараза, известија здравствените власти. Бројот на починати од ковид-19 и натаму е 4.634.