Министерството за труд и социјална политика соопшти дека поради празникот Курбан Бајрам петок ќе биде неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед.
„Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 31 јули, петок, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во земјата“, соопштија од Министерството.
Оттаму упатуваат и честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед.