Шефот на грчката дипломатија во Виена на средба со Помпео

16

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Виена ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а од австрискиот главен град, истиот ден, ќе учествува и на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција. Според Министерството за надворешни работи на Грција, разговорите на Дендиас и Помпео ќе се фокусираат врз случувањата во Источниот Медитеран, под призмата на ескалацијата на турските прекршувања.

Истиот ден, Дендиас ќе учествува и на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, а е свикан вонредно, по барање на официјална Атина за, според грчкото МНР, „да се разговара за нелегалните активности на Турција во делот на грчкиот континентален гребен“.