Синоќа не се одиграа предвидените натпревари од НБА, кошаркарите одлучија да бојкотираат во знак на протест поради убиството на афро-американецот Џејкоб Блејк.
Најпрво кошаркарите на Милвоки кои требаше да играат со Орландо не се појавија на теренот, а потоа нивниот пример го следеа и останатите, Лејкерс, Оклахома, Хјустон и Портланд.
Бојкотот е против полициската бруталност, убиството на афро-американецот Џејкоб Блејк. За кратко време полицијата уби двајца афро-американци што предизвика лавина од протести низ САД.
Информациите велат дека Торонто размислува и за целосно повлекување од плејофот.
Засега нема најави за одложување и на вечерашните средби, но не се исклучува можноста и тие да не се играат.