Бразил ја растури Боливија, но натпреварот го обележа нестварното промашување на офанзивецот на кариоките (видео)

14

Репрезентацијата на Бразил славеше убедлива победа против Боливија од 5:0 во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство кое во 2022 година треба да се одржи во Катар.

Бразилците играа како по ноти и со погодоците на Фирмино, кој два пати ја затресе мрежата на противникот, Маркињос, Кутињо и Караско кој си постигна автогол стигнаа до убедливата победа.

Сепак, натпреварот ќе го обележи промашувањето на фудбалерот на Бенфика, Евертон кој буквално не реализираше нешто што би погодил и секој аматерски фудбалер.

Уште во првата минута од натпреварот Бразилците направија одлична акција, а топката дојде до Евертон кој беше сам пред празната мрежа на Боливија, но не успеа да ја затресе мрежата и се посрамоти за сите пари.