Модерна соопшти дека од тоа 85 до 100 милиони дози ќе бидат достапни во Соединетите Американски Држави, а 15 до 25 милиони надвор од таа земја.
Американската биотехнолошка фабрика модерна соопшти дека очкува во првото тримесечје од 2021 година глобално да има располагање меѓу 100 и 125 милиони дози од својата експериментална вакцина против Ковид-19.
Модерна соопшти дека од тоа 85 до 100 милиони дози ќе бидат достапни во Соединетите Американски Држави, а 15 до 25 милиони надвор од таа земја.
Планираната количина на достапни вакцини во првото тримесечје опд следната година е дел од вкупно најавените 500 милиони до милијарда дози, колку што Модерна планира глобално да произведе во 2021.
Резултатите од раната фаза на тестирање покажаа дека вакцината на Модерна „mRNA-1273“ произведува висока количина на поврзувачки и неутрализирачки антитела чија количина со текот на времето благо се намалува, но останува покачена кај сите вакцинирани три месеци по примањето на првата доза, соопшти фабриката.