Две лица се убиени во пукотниците кои утринава се случиле во скопската населба Топанско Поле.
Според првичните информации, до инцидентот дошло околу 3 часот утринава кога напаѓачите излегле од возило и со пиштол и автоматска пушка од типот „калашњиков“ отвориле оган кон две лица во паркирано возило.
Како што пренесува „А1он“, засега не се познати причините и мотивот за убиството, а идентитетот на напаѓачите исто така не е познат и најверојатно се во бегство.
Набрзо после убиството, на лице место пристигнал и обвинител, а се очекува Министерството за внатрешни работи да открие повеќе информации во текот на денешниот ден.