Во Скопје починаа две родилки кои имеле тешка клиничка слика предизвиката од инфекција со вирусот Ковид-19, јавува Телма.
Една од нив како што објави Фокус е жена на возраст од 34 години од Делчево, а другата родилка која починала по комликации од Ковид -19 била 32-годишна жена од Скопје.
Двете биле породени со царски рез, а бебето на едната родилка од Делчево веќе било испишано од болница.
Втората почината родилка од Скопје била породена во 30-та недела од бременоста и нејзиното бебе се уште е на интензивна нега на клиниката на ГАК и е на респиратор.
Блиските се простуваат од родилката која почина од последици на корона вирус: Станаа ли починатите само статистички бројки?