(ВИДЕО) Масакр во германска психијатрија: Работничка уби четворица пациенти, еден е во тешка состојба
Четири лица беа пронајдени мртви во болница во германскиот град Потсдам доцна синоќа, а една жена е приведена, соопшти полицијата.
Портпаролот на државната полиција во Бранденбург изјави дека биле повикани на клиниката во Оберлин околу 21 часот и дека пронашле четири мртви лица и едно лице кое е тешко повредено. „Постојат јасни знаци на надворешно насилство врз жртвите“, рече портпаролот на полицијата.
Тој рече дека постои основано сомнение дека приведената жена е одговорна за убиствата, но не даде дополнителни детали.
Локалните медиуми објавија дека жртвите биле пациенти од Блник и дека приведената жена била вработена во таа болница.