Вучиќ за бандата на Беливук: На една мајка и праќале фотографии од мачениот и убиен син

10

Криминална група на уапсениот Вељко Беливук, наречен Веља Невоља, убила многу луѓе, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој нагласи дека Беливук и неговиот соработник Марко Миjковиќ испратиле слики од масакрираниот син на мајката на една од нивните жртви.

– Убија многу, многу, многу луѓе. Дали имате предвид за какви чудовишта станува збор? – рече Вучиќ.

Тој исто така посочи дека кланот е „увезен“ од соседна земја.

– И двата клана се увезени од Црна Гора. Тие имаат свои водачи. Еден од главните меѓу „кавчанците“, кој не се крие, е Звицер, „шкаљарците“ имаат свој. И сите тие го имаат својот најглавен шеф и сите се дојдени од Црна Гора. Целата организација, логистика, пари, сè е од Црна Гора – рече Вучиќ.

Веjко Беливук, Марко Миjковиќ и членови на нивната организирана криминална група беа уапсени на 4 февруари, а пред пет дена им беше продолжен притворот за уште три месеци. Досега тие се осомничени за три киднапирања и убиства, како и за трговија со дрога, перење пари и нелегално поседување оружје.

Засега постојат сомневања дека во куќата во Ритопек биле убиени Горан Величковиќ, Здравко Радојевиќ и Милан Љепоја. Истражителите се сомневаат дека телата биле распарчувани, мелени во индустриска мелница за месо, а потоа со киселина биле уништени трагите на злосторството.