Судијката Добрила Кацарска е избрана за нова претседателка на Уставнот суд. Таа добила шест гласа „За“ од вкупно девет уставни судии, со што е постигнато потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на судот.
На прашањето на „360 степени“, кои ќе и бидат приоритетите во работењето, Кацарска вели
„Ќе се трудам да го отворам судот за јавноста, да го подигнат угледот на судот“
вели Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставниот суд.