Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторникот наутро во Грција, јави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на потресот бил на еден километар од градот Тивала и 52 километри северозападно од Атина.
Во соопштението се додава дека земјотресот бил на длабочина од два километри.