Дончиќ се врати, Далас ја победи Оклахома, 50 поени на Браун во триумф на Бостон

14

Лука Дончиќ се врати со дабл-дабл учинок, Далас со 95:86 победи на гостувањето кај Оклахома, Џејлен Браун реализираше за него рекордни 50 поени во триумф на Бостон над Орландо од 116-111.

По подолга пауза поради повреда, Лука Дончиќ им се врати на натпреварите, одигра 31 минута, постигна 14 поени, имаше 10 асистенции и девет скока.

Неговиот тим победи на гостувањето кај Оклахома со 95-86, а поефикасни од Дончиќ во составот на Далас беа Крис и Хардавеј со по 15 поени. Најдобар на теренот беше Гидеј од Оклахома кој реализираше трипл-дабл со 17 поени, 13 скокови и 14 асистенции.

Џејлен Браун го предводеше Бостон до победа над Орландо од 116-111 остварена по продолжение. Тој постигна 50 поени, а имаше и 11 скокови. Најдобар во составот на Орландо беше Рос со 33 поени.

Резултати:
Торонто – Њујорк 120:105
Бостон – Орландо 116:111
Кливленд – Индијана 108:104
Сакраменто – Мајами 115:113
Шарлот – Феникс 99:133
Оклахома – Далас 86:95
ЛА Лејкерс – Минесота 108:103