Група граѓани собрани пред црквата Св. Спас во Скопје, во која што се наоѓа гробот на Гоце Делчев, со свирежи и извици ги пречека и ги испрати официјалните делегации кои дојдоа да оддадат почит.
Насобраните граѓани со знамиња со сонцето од Вергина ја исвиркаа делегацијата предводена од претседателот на државата, Стево Пендаровски, како и владината делегација во која беа потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и вицепремиерот Артан Груби.