Фетаи: За разлика од другите функционери јас покажав доказ, си платив во дадениот рок

16

Вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи објави уплатница на која е запишан 28 март како датум за плаќање, иако патувањата за Палермо и Порто беа неколку денови претходно, по што даде изјава за „А1он“ и објасни дека платила во дадениот рок во фактурата.

„Уплатниците кои ги дадов во текот на вчерашниот ден се според претходно издадени фактури и уплатите се извршени во даден временски период. За разлика од другите функционери кои патувале порано на вакви натпревари, а кои патуваа и за Палермо, јас доставив доказ. Ќе дадам дополнителни податоци доколку некоја од државните институции побара такво нешто. Во случајов, нема никакви прекршувања на закони, кодекси и слично“, вели Фетаи.

Фетаи беше фотографирана на трибината во Палермо заедно со министерот Тупанчески, а обвинителката и вечерва ќе ја бодри Македонија на „Драгао“ во историскиот меч против Португалија.