Венбин: Ентони Блинкен е добредојден во Пекинг

1

 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е добредојден во Пекинг, изјави денеска на редовен брифинг портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

– Кина ја поздравува посетата на државниот секретар Блинкен. Сега Кина и САД се во комуникација за конкретните подготовки, рече Ванг на прашањето за објавата на американските медиуми дека Блинкен ќе ја посети Кина на 5 февруари.

Ванг изрази надеж дека Вашингтон ќе почне да гледа на Кина на „коректен“ начин и дека наместо конфронтација, ќе подржи курс на дијалог и заемно корисни односи.

Вчера, изданието „Политико“ објави дека на 5 и 6 февруари Блинкен ќе го посети Пекинг за да се сретне со неговиот кинески колега Чин Ган.

Тоа ќе биде прва посета на американски државен секретар на Кина од октомври 2018 година, кога Мајк Помпео се сретна со тогашниот министер за надворешни работи Ванг Ји во Пекинг.