Премиерот Зоран Заев за време на самитот на НАТО во Лондон, се сретна со претседателот на САД, Доналд Трамп, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Заев на Фејсбук објави фотографии од средбата и напиша дека Македонија е 30-та членка на НАТО.
„Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници.Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во сите глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца“, напиша Заев на Фејсбук.