Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ го совлада Клуб Бриж со убедливи 5-0 во реванш мечот од 1/16 финалето во Лига Европа.
По дуелот Оле Гунар Солскјер не го криеше своето задоволство.
„Многу сум среќен. Кога постигнувате голови и играте на овој начин, вашата самодоверба станува поголема“, рече норвешкиот стратег, кој имаше пофални зборови за Бруно Фернандеш.
„Бруно е подготвен, тој е во добра форма. Бевме сигурни дека тој е она што нам ни е потребно, ова се потврди на дело“.
Во листата на стрелци се запиша и Фред, за него имаше интересен коментар.
„Не бев сигурен дали ќе бидам жив кога ќе постигне гол“.