Eскобар предупреди: Црна Гора останува атрактивна цел за Путин

6

Црна Гора останува атрактивна цел за Москва поради што САД и евро-атлантските партнери треба да ги засилат колективните напори за да им се спротивстават на непријателските дејства на рускиот претседател Владимир Путин, изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој за медиумите во регионот изјави дека истата погрешна идеологија го тера Кремљ да ја забави и спречи евро-атлантската интеграција на Балканот.

Ескобар апелира до сите во Западен Балкан да побараат одговорност од Путин за неговата одлука да создаде нехумано страдање за народот на Украина.

„Како што се одвива целата оваа хуманитарна катастрофа, треба да се запрашате на што е подготвен Путин на некое друго место, вклучително и Западен Балкан“, истакна Ескобар.