Адил Бакиу креаторот на vaksajns.mk повикан во полициска станица

88

Домаинот vaksajns.mk пред неколку дена го купил Адил Бакиу, како последица од изговорот на премиерот Зоран Заев на зборот вакцини, кој подоцна стана хит на социјалните мрежи.

Денеска Бакиу е повикан во полициска станица, токму поради делото кое го направил, иако секој може да закупи домаин на некој од македонските или странски хостинг компании.

Домеинот vaksajns.mk пренасочува кон официјалната страница на министерството за здравство каде што се наоѓа апликацијата преку која може да се пријавите за вакцинација.