Апелација ја преиначи пресудата – виновникот за сообраќајката кај Млечен доби две години затвор

20

Апелацискиот суд во Скопје ја преиначи пресудата за сообраќајната несреќа кај „Млечниот ресторан“ во Скопје што се случи во октомври 2018 и во која загина едно лице и наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило.

Информацијата на „Твитер“ ја објави сопругата на загинатиот.

„Бескрајна благодарност до сите, правда за Гоце, правда за мене, правда за нас. Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната за сообраќајната незгода кај Млечен и одлучил Васил да оди 2 години во затвор и 2 години да не управува пмв, затоа што ми го одзеде најмилото“, напиша Наташа Димитриевска.