А БЕ ТИ НЕ ЛИЧИШ НА ШИПТАР

1,817

За да не пишувам за Македонците за кои би ми биле потребни уште петнаесет колумни за да ги претставам, ке се задржам кај Албанците. За Македонците може да се напишат докторски дисертации во дефинирање на ‘‘која чорапа на која нога иде‘‘. Кај Албанците како што реков постои внатре албански мултикултурализам кој за голема жал, во Македонија малку се потенцира и афирмира. Има три нивоа…

Од Агим ЈОНУЗ

Еден католички свештеник Албанец Ѓерѓ Фишта еднаш има изјавено ‘‘Vertete kemi Bajram dhe Pashke, por shqiptarine e kemi bashke‘‘ што во превод значи ‘‘ вистина е дека имаме и Бајрам и Божиќ, но албанството ни е заедничко‘‘! Албанскиот народ како ретко кој на светот е една целина која има три религии во еден ист народ. Тоа се три различни амбиенти и три различни темелни култури на однесување. Една работа е сосема заедничка, а тоа е албанското прашање и ‘‘шиптаријата‘‘, т.е. албанството. Во мултикултурално и поли религиозно заедништво, многу е тешко да се направи пресек на еден заеднички модел и стереотип на просечен Албанец. На улица, на еден примитивен и елементарен начин на дефинирање, македонската страна со уличен жаргон ги нарекува ‘‘Шиптарите‘‘. Е па ок, еве јас нема да се налутам што ме викаат ‘‘Шиптар‘‘, ама ке се обидам да бидам изнад ситуацијата и да елаборирам некои работи. Подвлекувам, зборуваме за локално, македонско регионално ниво.

Не ми е сефте да слушнам таква глупост, ама ете, деновиве еден познаник на улица ми вика ‘‘ а бе никад не би рекол дека си ‘‘шиптар‘‘, демек ич не му изгледам како таков. Иако сум веќе на тие глупости тотално имунизиран, сепак малку ме загрижи податокот кој вели дека за да изгледаш како Шиптар мора да имаш одредени елементи на препознатливост. Од друга страна, се прашувам каков ли имиџ ние самите албанци имаме изградено кај македонците за да не карактеризираат на свој начин. Како прво, амбиентот меќу македонците и албанците во Македонија се темели на религиозната различност. Најголемиот дел Албанци се муслимани. Таа разлика од религиозен карактер го делел народот уште од турско време во кое амбиентално населението и животот се делел на таканаречено ‘‘ или е турско или е каурско‘‘. Арно ама, во еден современ начин на живеење разликите се невидливи со голо око, се додека не се дефинираат по основа на јазик и политичка припадност. Во институциите, ниту некој Албанец носи ‘‘ кече‘‘ ( флис) за да биде очигледно препознатлив, ниту некој Македонец се облекува како комита за да се примети оддалеку. Какви се тие разлики кои ги чинат луѓето препознатливи во современо време, а врз кои луѓето создаваат антагонизми.

Антропологијата е иста. Разликата е културолошка. Во Скопје, поделеноста на лева и десна страна на Вардар е толку експлицитна, што многу лесно човек може да примети во каква средина се наоѓа. Арно ама, тоа е амбиент. Тоа не е физички изглед. Во секој случај, левата страна на Вардар на свој специфичен начин, колку и да ја негираме вистината, не е само гетоизирана туку изолирана. Со фигуративен јазик речено, од Бит Пазар натаму е своевидна ‘‘друга држава‘‘. Во свој карактеристичен свет, во кој владее амбиентот на исламот, на поинаков јазик и култура. Културолошките разлики и амбиентот на живот се однесува и на Западна Македонија, во која мнозинството е албанско. Тука доаѓаме до еден поразителен податок, кој вели дека во живот кој е сиромашен, рурален и заеднички и за едните и за другите, единствената разлика е во религијата. Македонската страна колку и да се негира тој податок, смета дека албанците се заостанати, прости, агресивни, и дека заостануваат зад македонците во култура. Е, тука доаѓаме до клучната поента на анализата. Како прво, луѓето многу малку си даваат реална шанса да се запознаат и да споделат заеднички живот. Колку и да има прогрес, тој е сеуште мал во заедничкото живеење и тука имаме страшна хипокризија по прашањето на ‚‚ заеднички живот‘‘. Тоа е во најголем дел исклучиво последица на политиката. Народот не е толку суштински, колку политички разделен и спротивставен.

Во поголеми градови како Скопје, ретко кој ке биде доблесен да признае една вистина, а тоа е податокот кој вели дека цивилизациското наследство од турско време, ги терало не само албанците, туку и македонците да живеат во амбиент на ‘‘ Ала Турка‘‘, да зборуваат турски, да носат ‘‘фес‘‘ и да се однесуваат складно со цивилизацискиот момент на османлиската империја. Дури и македонските господа се нарекувале ‘‘чорбаџии‘‘ што подразбира своевидна цивилна титула за голем човек во својата средина. Немало македонец кој не зборувал турски, ако сакал воопшто да функционира во заедницата. Истото го имало и кај албанците. Сходно на тоа, да се вратиме кај албанците и да потсетиме дека фамилиите кои живееле во градовите зборувале турски јазик и биле адаптирани на турските цивилизациски вредности, мода, култура и начин на живот. А тоа се однесувало и на клучниот момент, а тоа е писменост и образование. Најголемиот дел од декларираните турци во Скопје се всушност албанци по потекло. Не сите. Ама, градските фамилии да. Има многу Албанци кои се декларирани како турци, но, коренот им е ‘‘оргинал Шиптар‘‘! Ништо по инаку не било ни со македонците, а ни пошироко регионално. Значи, да резимираме дека ако зборуваме за ‘‘градски луѓе‘‘, разликата меѓу албанците и македонците скоро и да не постои, освен како што рековме во религијата и јазикот. Ако земеме во предвид дека има и албанци православни ( Шкрети), но и католици, тогаш разлика скоро и да не постои во креирањето на стереотипот и општествената физичка појава.

Е, сега доаѓаме до клучната поента што е тоа кое создава стереотипи на различност. Сељаците! Не селаните! Сељаците ! Миграцијата село-град донесе страшно многу сељаци од двете страни кои не знаат ама баш ништо друго освен да се разликуваат по сопственото потекло а не по култура, однесување и начин на живот. Тоа што е најстрашно, никој не работи на унапредување на различностите и нивно афирмирање како национално богатство, туку напротив, создаде фантастично поле за креирање на амбиент во кој ‘‘што повеќе си различен, тоа повеќе си фраер‘‘. Така, полето на кое сељаците видоа единствен фронт за себе промовирање стана фантиастичен бизнис. Политиката си го направи своето со националните каузи на кој ултра националистите уште повеќе работеа на креирање на сопствен имиџ како бренд кој треба да кажува кој си и што си. Тоа не е само кај албанците, туку и кај македонците. Ако македонците сметаат дека се подобри од албанците, тогаш сериозен проблем имаат самите со себе си. Тие сељаци влегоа во политиката и почнаа да креираат јавен живот во кој единствен начин да бидат актуелни беше да се затворат во сопствените кругови. А, и едните и другите се затворени во кругови кои се апсолутно далеку од нешто што се вика современост, кооперативност, негување поликултура, асимилирање на позитивни вредности. Национализмот создаде поле за негување сопствени, не ретко квази вредности за сметка на заеднички културолошки и цивилизациски вредности.

За да не пишувам за македонците за кои би ми биле потребни уште петнаесет колумни за да ги претставам, ке се задржам кај албанците. За македонците може да се напишат докторски дисертации во дефинирање на ‘‘која чорапа на која нога иде‘‘. Кај албанците како што реков постои внатре албански мултикултурализам кој за голема жал, во Македонија малку се потенцира и афирмира. Има три нивоа. Првото е она градско, еснафско кое е се помало по бројност затоа што напливот на сељаци е огромен. Тие во најголем дел зборуваат и турски покрај албански, затоа што носат фамилијарни вредности од урбано потекло. Нив не би можел никогаш да ги препознаеш ако не се претстават или не зборуваат јазик кој не е македонски. Второто ниво се оние албанци кои не се муслимани и кои по својата традиционалистичка цивилизациска вредност не се разликуваат многу од македонското, затоа што религијата ги спојува. Неретко тие и не знаат да зборуваат албански. Од многу причини. Третото ниво е она ‘‘сељачкото‘‘ кое страшно многу го уназади ликот и стереотипот на денешниот Албанец. Во својот поход за етаблирање во градските средини тие прво маме им расплакаа на староседелците албанци, па на македонците, па на се останато. Зошто!? Како!? Па во својата не можност на поинаков начин да се етаблираат, нај агресивно ги наметнаа својот систем на вредности кои многу се разликуваат од оние вистински урбани, современи и прогресивни параметри на современо живеење. А, тоа го искористија македонците за подсмев. Да! Тие истите македонци кои ни самите не знаат што да прават самите со себе си. И така, се создаде атмосфера на ‘‘ќоравиот му се смее на мутавиот‘‘. А кога ќе видиш, се се сведува на примитивизам, на човечка беда, на бегање од самиот себе си подсмевајки му се на другиот! Ама, да бидеме начисто, колку што има население Македонија, толку сите се – иста гомна! И турско и каурско, и ќоро и сакато!

ООО ЏЕМААТ – ја знаеш ли онаа песна “ Kendo more bylbyl,.. qija nonen n zymbyl”! Како и да се свртиш, газот ти е одпозади. Затоа ќути и не јади гурабии!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)