БРЕДЛИ КУПЕР конечно призна: Дали тој и Лејди Гага биле заедно?

24

Во 2019 година, Лејди Гага и Бредли Купер ја изведоа „Shallow“ на сцената на Оскарите од нивниот хит филм „A Star Is Born“. Беше тоа контроверна изведба која ги разгори гласините дека романсата не била само меѓу ликовите од филмот, туку и меѓу актерите.

Иако Бредли, за разлика од Гага, се немаше обратено на гласините, тој набргу потоа се раздели од неговата тогашна девојка и мајка на неговата ќерка, манекенката Ирина Шајик, со која се појавија заедно на Оскарите, но и придружувани од Гага.

Гага тогаш изјави дека тие биле само ко-ѕвезди кои глумеле во филмот и ништо повеќе. Но со тоа што Купер не одговори на гласините само повеќе ги разгори шпекулациите причините за неговото разделување со Ирина Шајик.

Конечно Бредли потврди дека тие „дефинитивно глумеле“ за време на Оскарите и тој „замислил дека изведбата ќе се одвива како сцена од филмот делумно за да помогне во справувањето со сопствените стравови од пеењето во живо“.

„Само од лична гледна точка, тоа го намалува нивото на анксиозност. Тие некако се заљубуваат во таа сцена во филмот. Тоа е тој експлозивен момент што им се случува на сцената пред илјадници луѓе… Ќе беше толку чудно да бевме и двајцата на столчиња свртени кон публиката“, изјави Бредли, кој не е професионален пејач како Гага.