Бугарија дозволи влез со ПЦР тест не постар од 72 часа

19

На пет држави, меѓу кои и на Северна Македонија, ќе им биде дозволен влез во Бугарија, но само со негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа, соопштија бугарските власти. Покрај Македонија, влез под тие услови им е дозволен и на туристи од Молдавија, Израел, Кувајт и Србија.

 

По оваа одлука, која е донесена на барање на туристичкиот сектор, од Кабинетот на бугарскиот премиер, Бојко Борисов, оцениле дека потегот ќе претставува сериозна поддршка за нашите хотелиери, кои имаат мака да ги наполнат своите капацитети.

 

На брифинг со новинарите, премиерот Борисов објави и нови социо-економски мерки за помош на засегнатите од кризата предизвикана од пандемијата и како директна буџетска поддршка тие ќе издвојат над една милијарда евра, од кои 800 милиони за социјални мерки и над 300 милиони евра за економијата.