Вестбрук се врати дома и беше одличен, но Хјустон загуби од Оклахома (ВИДЕО)

8

Хјустон гостуваше во Оклахома и тоа беше враќање на Расел Вестбрук во неговиот поранешен клуб, баш како и на Џејмс Харден, кој навивачите сигурно го заборавија бидејќи тоа беше одамна.

Вестбрук одигра одличен меч и постигна 34 поени, но Хјустон загуби со 92-113, а мора да признаеме дека Харден ја имаше најлошата партија досега и постигна само 17 поени.

Филаделфија беше подобра во дербито на Истокот од Бостон со 109-97 со 29 поени на Ричардсон, а Вокер постигна 23 поени кај Бостон.

И Минесота успеа да победи против Портланд, а најдобар во нивната победа беше Вигинс со 23 поени и осум асистенции, додека кај гостите Лилард постигна 20 поени.