Власта и опозицијата се договориле за деблокада на 40 закони

5

Власта и опозицијата се согласиле без блокада да поминат 40 закони во Собранието, кои се врзани со примена од 1 јануари, рече претседателот на Парламентот, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинарите. Тој очекува тие да бидат изгласани на утрешната седница. Станува збор за закони од областа на финансии, социјала и здравство. Партиите сепак не постигнале договор за законот за одбрана.

Пред пратениците се наоѓаат десетици закони, а премиерот Зоран Заев рече дека доколку не се донесат битните закони за граѓаните, како тие за поголеми плати и пензии, можно е да не се даде оставка на 3 јануари, а од тоа зависи и формирањето на техничка влада која треба да спроведе избори на 12 април

Џафери денеска рече дека ако Заев не поднесе оставка може да се одложат изборите. Пржинскиот договор предвидува изборите да се одржат на 100 дека по формирањето на техничката влада. Новата влада треба да биде избрана најдоцна до 3 јануари на полноќ, но претходно премиерот треба да си даде оставка. Лидерите на партиите на средбата на претседателот на државата на 20 октомври се одговорија предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април.

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе се сретнат в сабота попладне во Владата за да се консултираат за техничката влада.