Во Србија вакцинирани три милиони возрасни

0

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на својот Твитер профил објави дека Србија ја надмина бројката од три милиони вакцинирани против Ковид-19.

„Штотуку ја надминавме бројката од 3 милиони возрасни жители на Србија кои примија вакцина против Ковид-19. Им благодарам на сите што се заштитија себеси и сите други околу нив, како и на нашиот здравствен систем кои покажаа одговорност и солидарност. Ова е единствениот начин да го победиме вирусот“, напиша Брнабиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостувајќи во ТВ Б92 најави дека во Србија ќе пристигне и вакцината на „Модерна“, која се очекува на 2 или 3 ноември, со што граѓаните на Србија ќе можат да изберат помеѓу пет вакцини.