ГАЗ ИЛИ ОБРАЗ ИСТО ТИ Е!

205

Навистина е тешко да напишеш колумна. Поготово ако газот и образот се измешани во општеството. А ти како некој судија у фудбал да судиш дали некој е у офсајд или не. Уште потешко ако целата држава е во офсајд. А, ние ем сме у офсајд, ем играме со рака, ем играме со ‘‘хиле‘‘, ем по потреба правиме ‘‘клизачи стартови‘‘ кон противникот. А кој ни е противник? Никој! Самите на себе сме!

Од Агим ЈОНУЗ

Нема ништо потешко за еден колумнист од тоа да напише нешто што до сега не е напишано.Нешто што не е речено. Ниту сељаците се навредуваат што ги нарекуваш сељаци и ропаци, ниту криминалците се возбудуваат ако ги спомнуваш, ниту пак политичарите реагираат ако ги наречеш дека се тешка гомна! Се додека не им чепнеш по изворите на пари, можеш да ги нарекуваш како сакаш. Уште и фала ке ти кажат што им правиш реклама. И лошата реклама е реклама.  А јас ке прашам, каде е достоинството? Каде е образот! Едноставно нема другарче, ‘‘дали газ или образ‘‘ исто ти е. Па каде одиме ако газот и образот немаат разлика. Па некаде одиме, ама на арно нека е. Тие што треба да разликуваат газ од образ, си ја знаат работата. Затоа и така не третираат на меѓународна сцена. Знаат со кого си имаат работа.

Знам само дека како малечок, дедо ми рахметли кога ме воведуваше во религијата ми кажуваше кога ке дојде крајот на светот. Не знаеше да ми објасни како, ама знаеше кога. Генерално, ке сме гореле во катран и слични глупости, ама ако ги разгледаме климатските промени и не е баш глупост. Ако се водиме по зборовите на рахметли дедо ми, ние до сега три пати сме дошле до крајот на светот и назад. Ова што сега го живееме е само заебанција.

Во една емисија кога гостував, прво што прашав е дали сум во функција на коментатор или аналитичар. Сите ние може да коментираме општество како ќе посакаме, ама ако сме во функција на аналитичари, тогаш единствената задача е да бидеме реални, аналитични и искрени. Токму затоа моите настапи изгледаат депресивно, критички, а понекогаш дури и брутални. Тоа е аналитика. Како и да анализираш едно општество кое самиот народ си го мрази, не можеш да го украсуваш со убави зборови. И наместо колумна, анализа или било која аналитичка верзија да ја пласираш, за нас и нашето секојдневие можеш се да кажеш во само два збора. А тоа е само во зборовите ‘‘ божја трагедија‘‘. Да! Македонија е само една божја трагедија, ама не сама по себе, туку ние ја направивме. Нејзините граѓани. Сите ние сме една голема трагедија. Е де, и трагедијата е за луѓе!

Навистина е тешко да напишеш колумна. Поготово ако газот и образот се измешани во општеството. А ти како некој судија у фудбал да судиш дали некој е у офсајд или не. Уште потешко ако целата држава е во офсајд. А, ние ем сме у офсајд, ем играме со рака, ем играме со ‘‘хиле‘‘, ем по потреба правиме ‘‘клизачи стартови‘‘ кон противникот. А кој ни е противник? Никој! Самите на себе си. Е сега најдобро сликата може да се опише баш така, како кога играш сам фудбал и шутираш топка на зид, таа ти се враќа, па како сакаш ти така си је местиш топката. Лудило! У сите комбинации ти си победник. Единствениот лузер е топката на која и јебеш матер како што ти сакаш. Е, тоа е народот. Намести го како тебе ти одговара, залетај се и шутни го најсилно што можеш! Тој завалијата и да сака не може да се буни. Ти ја држиш топката во раце. Шутни го! Да ! Оној ист народ на кого му продаваш филозофија дека му ја зголемуваш платата и пензијата, а истовремено цените ги дигаш до плафон. И, на крај уште си љут зашто народ се буни. Како бе да не се буни!!! Па го јебеш, па го растураш. Ти се може бе! Ти си фрајерот. Да! Ти си тој што има газ наместо лице па му е сеедно кој какво мислење има за тебе.

Дали имаме не искомпромитиран политичар! Немаме! Можеби и има, ама тие се невидливи. Тоа се обично оние кои за цел мандат нема да ги видиш ниту еднаш на говорница, кои нема ниту да знаеш дека постојат, а си ги гласал. Тоа се оние кои се среќни што воопшто во животот достигнале некаков зенит со тоа што влегле во парламент. Тоа се оние кои се само гласачка машинерија за оние со сомнителен лик кои ‘‘прдат во ветер‘‘ секојдневно во информативните емисии и вести дека крв пролеаја оваа држава да биде како што треба. Зошто велам сомнителен лик? Па затоа што да не беше сомнителен, ке збореа вистина, а немаше да го лажат народот до мерка на психоделија дека цел свет зборува само за Македонија и дека Европа има сериозна точка на дискусија секој ден искључиво за Македонија. Лудило! Да не ја спомнуваме ние самите Македонија по медиумите, на цел свет нема никој ни да ја спомне. Е, да, можеби бугарите, затоа што на таа исто ‘‘млада влада‘‘ и е потребно вежбање на политика не знаејки слично на нас како да си ги решат проблемите внатре кај нив. АКо некој бугарин ја чита колумнава, јас јавно еве овдека ке го повикам да ме демантира кога го зборам следново! Каква етно политика тера Бугарија и на кого му продава филозофија, ако се земе предвид дека цела Бугарија освен Софија, Пловдив и Варна, најголем дел се Роми! ( Не реков цигани)! Тргни од Скопје за Софија, по пат секое второ е ‘‘циган маало‘‘! Ако грешам се извинувам! Повеќе од пола естрада им се Роми! ( не реков цигани)! Азиз им е крал!  ‘‘Всичко е отидено у ПМ‘‘! Затоа, еве како граѓанин на Македонија ( не реков Северна) ја ќе го прашам бугарите јаво, ‘‘дали лажам се ова што зборувам‘‘!  Затоа бугари алооо не се занесувајте!

Затоа во Албанија тој проблем е едноставно решен. ‘‘Сите се Албанци‘‘. Е, сеа, тоа што таа формула не функционира во Македонија тоа е друг проблем. Македонците би биле нај среќни и ние така да направиме. Сите сме Македонци. Ама, на албанците тоа не им одговара. На сите останати етнички заедници да! Зошто е тоа така, во некоја друга колумна. А одговорот го имам во џеб! Само, ми е страв дека некој ке ми скине глава, не затоа што не сум во право, туку затоа што на пазарот на слободни работници, сеуште е преголем бројот на Македонци и Албанци ‘‘ по професија‘‘, а не по потекло. Затоа, во оваа колумна нема да ‘‘ чачкаме мечка у …‘‘!

Е, стварно е тешко да напишеш колумна денес. Јас не и припаѓам на онаа група на колумнисти со комплекс дека треба да кажам нешто високо интелектуално за да кога ќе прошетам во чаршија некој ми каже ‘‘ еее овој е интелектуалец‘‘! Машна, ташна и бела кошула носам само ако морам или ако треба во некоја прилика. Си шетам во патики и фармерки низ чаршија, ама се колнам, не може да избројам колку души ми викаат ‘‘мерхаба‘‘! Тоа е затоа што јас имам ‘‘образ а не газ‘‘! Пра-старо скпојанче сум и немам провинцијалски комплекс. Нејсе, да не се занимавам со себе си во колумнава. Јас само давам фигуративен пример.

Да молиме господ само Русија да не направи инвазија на Украина. Некој ке рече па што имаме ние со тоа. Ние немаме безбедносен можеби проблем, ама социјално економски имаме и тоа страшен. Ако земеме во предвид дека таа голема војна ке има нарушување на економски релации по Европа и светот, тогаш ние може само да клањаме ‘‘ беш вакат‘‘ кон Аллах да не не остави гладни. Фигуративно речено, кога големите ( држави) имаат настинка, малите држави како Македонија добиваат бронхопнеумонија. И замислите во тешка (без пардон) ‘‘гомна ситуација‘‘ каква што е нашата, какви ли ке бидат последиците од нарушувањето на економската ситуација низ Европа, кога ке има рестрикции, блокади, санкции и казни! Сакале ние или не, индиректно ке имаме неверојатна штета. А, ‘‘штета на штета‘‘ кога ке падне, тогаш ни Хазрети Хасан не може да ни помогне. Аллах на помош!

И да му се вратиме на насловот на колумната. Газ или образ исто ти је! Лажат сите. Животот стана лажен. Што би рекле турците “YalanDunya”! Те лаже жена ти, те лаже другар ти, те лаже комшијата, те лажат на работа колегите, те лажат по институциите, те лажат на вести политичарите, те лаже дури и кучето на улица. Се е лага! Се е филм! И како да се поставиш во таков свет!? Никако! И ти ќе почнеш да лажеш оној момент кога ке разбереш дека тоа е единствениот модел да го купиш денот од сабајле до навечер. За утре, “Allah Kerim”! И така животот ќе тече понатаму секој ден како во турските серии на телевизија, а ти ке бидеш среќен ако денеска си успеал барем еден камен да мрднеш два метра понатаму. Најстрашнто од се е тоа што каменот ти станува од ден на ден само поголем и потежок. На тоа босанците викаат ‘‘таква ти била нафака друже‘‘! Ма, да ти јебем и нафаку и матер, отидовме јабана сите!

ОООО ЏЕМААТ! Ако се водиме по тоа дека кој лаже тој и краде, а сите вие лажете, па да извините ‘‘ кој курац‘‘ ви објашњавам ја овде! Ај кршите глава!!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)