Дончиќ промаши шут за победа, па бесен удри по – рекламите (ВИДЕО)

9

Кошаркарите на Далас маверикс ноќеска го прерпеа и шестиот пораз во низа, овој пат во пресметката со Феникс санс (108-109), во меч во кој прво Девин Букер им даде тројка за пресврт на 1,8 секунди до крајот, а потоа Лука Дончиќ промаши шут за три поени, со кој можеше да стави крај на црната серија на „телињата“.

Словенецот беше во тешка ситуација и никој не му забележа на промашувањето, но и покрај тоа тој беше максимално разочаран и бесен, поради што својот гнев го „истури“ врз рекламите крај теренот. Тој сезонава игра одлично индивидуално, но неговиот тим остварува резултати кои се далеку под очекуваното, што почнува максимално да го фрустрира.

Дончиќ влегува во фаза од кариерата кога повеќе не е само „чудо од дете“, туку кошаркар кој треба да биде вистински лидер на екипата и творец на победи, бидејќи само така би можел да влезе во кругот на најдобрите во историјата на НБА. Тоа, засега, не му оди од рака, поради што би можело наскоро да се очекува некој голем трејд во Далас со што би се потсредиле работите исо кој словенечкиот вундеркинд би добил адекватна помош на паркетот.