Ердоган: 250.000 бегалци бегаат од Сирија во Турција

4

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека 250 илјади бегалци бегаат од северозападниот сириски регион Идлиб кон Турција.

Тој додаде дека Анкара се обидува да ги спречи да ја минат нејзината граница.

„Во моментов 200.000 до 250.000 емигранти се движат кон нашата граница. Се обидуваме да ги спречиме со некои мерки, но тоа не е лесно. Тешко е, и тие се луѓе“, кажа Ердоган на конференција во Анкара.

Во Турција веќе живеат околу 3,7 милиони сириски бегалци, а се стравува од нив бран на раселени, пренесува Ројтерс.

Во Идлиб, последната значителна територија под контрола на антивладините бунтовници, живеат околу три милиони Сиријци и се стравува дека ќе дојде до нов егзодус откако руските и сириските владини сили минатиот месец ја засилија офанзивата во регионот.