Зверев: Како може Федерер да е пред мене, а нема играно цела година?

19

Германскиот тренер Александер Зверев се пожали од системот за бодување на АТП затоа што се наоѓа во моментов на седмата позиција, а пред него е Роџер Федерер, кој паузираше 14 месеци по операцијата на коленото.

Германецот во меѓувреме го освои Ју-Ес опен и играше финале на завршниот Мастерс, но тоа не му беше доволно затоа што АТП на крајот на минатата година ги „замрзна“ поените поради пандемијата на ковид-19.

„Јас сум најголем навивач на Федерер, но не ми е јасно како може да биде пред мене на табелата? Не играше повеќе од една година и пак е на подобра позиција од мене. Тоа не е фер“, вели Зверев.