Знаци кои укажуваат на недостаток на витамин А во организмот

11

На телото му се потребни сите витамини за да организмот функционира правилно. За добар вид, за здрава кожа и репродуктивен систем одговорен е витаминот А.

Витаминот А е присутен во голем број на намирници, но постои и ризик од негов недостаток во организмот – особено кај бремените жени, мајките, бебињата и децата кои се развиваат и растат.

Bright Side ги наведува знаците кои укажуваат на тоа дека ви недостасува витаминот А во организмот.

Сува кожа

Витаминот А е една од главните елементи кои му се потребни на телото за да ја регенерира кожата и да ја одржува хидрирана. Иако чест симптом на недостаток на витамин А е појава на воспаление на кожата кое настанува кога кожата e толку сува што добива црвенкаста боја. Во овие ситуации се појавува и чешање.

Ноќно слепило

Ова е еден од најчестите знаци дека ви недостасува витамин А. Оваа состојба која е позната како никталопија е проблем со очите кој го отежнува гледањето во темница.

Акни

Витаминот А е еден од главните регенератори на кожата. Доколку имате недостаток од овој витамин, лицето може да ви стане суво, масно и полно со акни.

Проблеми со зачнување

Репродуктивниот систем на мажите и жените најдобро функционира доколку се зема витамин А. Со консумирање на храна која е богата со витамин А позитивно влијаете на плодноста. Бремените жени треба да го вклучат витаминот А во нивната исхрана.

Суви очи

Еден од најважните знаци кои укажуваат на недостаток на витамин А е неможноста за создавање на солзи. Доколку оваа непријатност трае веќе некое време, може да го наруши вашиот вид.

Храна која е богата со витамин А

Јајца

Лосос

Спанаќ

Сладок компир

Морков.