Измамени илјадници Индијци: Место вакцина примиле физиолошки раствор

5

Илјадници Индијци станаа жртви на голема измама со лажни вакцини, а меѓу уапсените спаѓаат и лекари и други медицински работници, пренесува Си-Ен-Ен.

На најмалку 12 локации во Мумбаи, медицински работници користеле физиолошки раствор во вакцините, изјави Вишал Такур, високиот полициски службеник.

„Проценуваме дека околу 2500 луѓе примиле лажни вакцини. Организаторите од лажните вакцини вкупно заработија 28 илјади американски долари“ изјави Такур.

Засега има 14 уапсени лекари, а се очекуваат повеќе апсења. Индија спаѓа во земјите што се најмногу погодени од Ковид-19 пандемијата.

Случајот со лажното вакцинирање се одвивал од крајот на мај и почетокот на јуни. Властите ја започнаа истрагата откако поединци се посомневале околу потврдите за вакцинирање.