Катица Јанева во куќен притвор во станот на синот во Скопје

5

Телма дознава дека Катица Јанева ќе оди во куќен притвор во станот на синот во Скопје.

Апелациониот суд за да ја донесе ваквата одлука пред себе го имал имотниот лист од овој стан, но и ја ценел здравствена состојба на екс специјалната обвинителка, околностите дека може да се обезбеди од дома, дека веќе има обвинение, но и ја одзел и патната исправа а државата не смее да ја напушти ниту со лична карта.

Сега Јанева има и забрана да комуницира со луѓето инволвирани во случајот Рекет. Директорот на затворот Есад Рахиќ за Телма вели дека решението на апелациониот суд се уште не е стигнато кај нив, но доколку стигне тогаш тие ќе го спроведат.

Инаку скопскиот апелационен суд ја прифати жалбата на екс специјалната обвинителка.

Решението го донесе денеска. Таа претходно понуди гаранција од три станови но кривичниот суд не ја прифати, сега Јанева оди во домашен притвор но без гаранцијата.

Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет.

Судењето за неа и останатите обвинети треба да започне на 3-ти Декември.