Ковачевски: Новоименуваниот директор за Агенцијата за национална безбедност Милошевски е професионалец

17

 

Новоименуваниот директор за Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски е професионалец кој што во 97-та година почнува да ја гради својата професионална кариера во службата и посетувал низа обуки во Соединетите Американски Држави и во Канада доминантно, истакна од собраниската говорница премиерот Димитар Ковачевски на пратеничкото прашање на пратеникот на ВМРО-ДШМНЕ Драган Ковачки зошто премиерот назначил за нов директор на АНБ лице посочено како одговорно за случајот „Онишченко“.

Премиерот информира дека Владата на одржаната седница на 14 декември именуваше нов директор на Агенцијата за национална безбедноста и на истата седница го разрешил дотогашниот директор на Агенцијата.

Во однос на деталите за случајот „Онишченко“, премиерот истакна дека имаше прилика Комисијата за надзор на безбедноста и службите во Собранието да се информира во детали.

– После таа седницата и Владата ќе се информира, исто така на затворена седница. И доколку имате било какви прашања кои се однесуваат на на тие наоди, тогаш ќе можете да ги доставите до релевантни институции. Исто како што јас сум побарал, рече Ковачевски.